Избраниците на хртватски стратег Лино Червар, трет пат во низа ја освоија титулата во Македонија. Индивидуалните награди за сезонава очекувано заминаа во рацете на ракометарите од Металург.

Наградата за најдобар голман му припадна на српскиот чувар на мрежата Дарко Станиќ додека најкорисен ракометар сезонава е избран Филип Миркуловски.

–  Зад нас е најуспешната сезона во клубот воопшто. Штеташто не успеавме да триумфираваме во финалето од Купот на Македонија и СЕХА Лигата но и тоа се случува – потенцираше Филип Миркуловски.

Следната сезона Металург, одново ќе ја преставува Македонија во Лигата на Шампиони. “Металурзите“ во Лигата на Шампиони се пласираа во 1/8 финалето каде беа елиминирани од Загреб.

Од година во година, напредуваме се подобро. Имаме добар тренер, прекрасни ракометари и сите услови се исполнети за уште брилијатна сезона – истакна Миркуловски

Мх.П.