Ракометарите на ГРК Охрид оптимисти во пресрет на утрешниот натпревар против екипата на РК Радовиш кој ќе се одигра во рамки на 15-то коло од Супер Лигата. За „гладијаторите“ ова е последниот натпревар на домашен терен за 2021 година.
Првиот натпревар со Радовиш кој го игравме на гостински терен беше многу тежок, особено првото полувреме каде имавме доста пропуштени шанси, иако полувремето заврши со три гола предност во наша корист. На крајот, успеавме некако да го завршиме натпреварот со седум разлика. Утрешниот натпревар мислам дека ќе биде сличен на тој натпревар, ако го дадеме својот максимум и се потрудиме од првата минута до последната, мислам дека ќе биде лесен натпревар, истакна на денешната прес-конференција пивотот Филип Грубор
Ако уште од утре започнеме со победа, и продолжиме чекор по чекор јас мислам дека ќе се пласираме во плеј офф истакна Кристијан Димитриески.
Не сме комплетни, ни недостига Иваноски и Ристески, мислам дека ќе изиграме и за нив, ќе покажеме на терен колку сме подготвени и ќе го победиме противникот, вели Димитриески.
Грк Охрид моментално се наоѓа на седмата позиција на табелата со 19 бода.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00. Во салата е дозволено присуство на гледачи до 50 отсто од вкупниот капацитет на салата, присутните при влез потребно е да прикажат Сертификат за извршена имунизација со две дози против Ковид-19 или сертификат за прележан Ковид во последните 45 дена.
K.A.