Репрезентацијата на Франција триумфираше на Европското првенство во ракомет во Германија, откако вечерва во финалето во драматичен натпревар го совлада актуелниот светски првак Данска по продолженијата 33:31 (27:27).
Данците речиси ја имаа титулата во раце, но слично како и во мечот со Шведска, Франција го реализираше последниот напад за израмнување. Скандинавците во преостанатите дваесеттина секунди не успеаја да упатат шут кон голот.
Драмата продолжи и во продолженијата, а триколорите беа поприсебни во решавачките моменти и на олимписката титула што ќе ја бранат во Париз годинава, ја придодадоа и европската круна.
Г.М.