Во рамките на деновите на ЕХФ македонската ракометна слекција ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Австрија. Два меча ќе ги одиграме како гости и тоа на 30 октомври и 1 ноември со Австрија.


Селекторот на машката сениорска репрезентација Илија Темелковски се одлучи за следниве ракометари :

Голмани: Борко Ристовски и Петар Ангелов,

Крила: Гоце Макалоск, Стевче Алушевски, Владимир Темелков и Златко Мојсовски,

Пивотмени: Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоновски,

Бекови: Кирил Лазаров ,Влатко Митков, Филип Миркуловски, Наум Мојсовски,  Митко Стоилов,Филип Лазаров, Велко Марковски и Раде Стојановиќ.

Ohridnews