Ракометната репрезентација на Македонија отпатува за Романија каде денес и утре во Арад ќе одигра два натпревара со домаќинот во рамките на подготовките за квалификациите во јануари во Турција.


На турнирот во Адана, Турција (11-17 јануари 2010) Македонија ќе брка прво место кое единствено обезбедува место во јунскиот бараж за настап во Шведска 2011.


Противници на Македонија се Литванија и Турција.

М.П.