Македонската ракометна репрезентација во последниот натпревар од групата го совлада домаќинот на Медиретанските игри, Турција со минимални 24-23.

Со овој триумф „медитеранските“ репрезентативци „колку толку“ го обелија образот по неочекуваниот пораз од Италија и убедливиот од Србија во групата.

Од исходот на мечот меѓу Србија – Италија ќе зависи Македонија за кое место ќе се бори на дебитанскиот настап на Медитеранските игри.

Мх.П.