Охридските ракометари ги финализираат подготовките за новата сезона во Супер лигата која ќе започна в сабота.

Подготовките започнаа во првите денови од август, а прво се одвиваа на тартанот и теретана за потоа да се влезе во сала и да се тренира со топка.

Составот на Охрид се засили со пет ракометари и сезонава ќе атакува на местата кои водат во плеј офот и разигрување за титулата.

Премиерниот натпревар „гладијаторите“ ќе го имаат в сабота на гостински терен против ракометниот клуб Прилеп.

Тимот на Прилеп исто како и охридскиот состав се засили пред почетокот на сезоната затоа ова ќе биде вистински тест за двете екипи.

Мх.П.