Машката ракометна селекција на подготовките во Охрид од први до шести април ќе допатува без капитенот Кирил Лазаров. Селекцијата во Охрид ќе ги започне подготовките за бараж натпреварот со Грција за Светското првенство во Катар следната година.

Десниот бек за недоаѓањето на подготовките во Охрид ги известил со писмо селекторот на репрезентацијата, Ивица Обрван и Ракометната федерација на Македонија.

– Ве известувам дека по консултациите со лекарскиот тим на мојот клуб ФК Барселона нема да можам да бидам во можност да бидам присутен на собирот на машката ракометна репрезентација. Времето ќе го искористам за тотална рехабилитација за да би можел да одговорам 100 отсто на обврските во останатиот дел од напорната сезона – стои во писмото од капитенот.

Охриѓани после неколку години ќе бидат домаќини на ракометна селекцијата, но репрезентацијата во Охрид ќе биде без најголемите две ѕвезди Наумче Мојсоски и Кирил Лазаров.

 

Мх.П.

X