Бразилскиот интернационалец Жозе Толедо не е повеќе дел од Ракометниот клуб Вардар. Толедо ја искористил опцијата за раскинување на договорот после разговорот со претставниците од клубот.

Десниот бек се одлучил за трансфер во романски Баја Маре. Таму од следната сезона ќе игра и неговата партнерка Лариса Араухо и посакувал да бидат заедно извесен период.

Толедо во Вардар дојде како големо засилување. Но повредите не му дозволија да покаже нешто од својот потенцијал.

„Црвено црните“ во преодниот рок мора да најдат квалитетен десен бек бидејќи моментално немаат ниту еден на таа позиција. Пред Толедо од клубот си замина Даинис Кристопанс.

OhridNews