Даниел Андоновски кој е син на поранешниот тренер и еден од младите ракометари стипединстите во Ракометниот клуб Охрид, преговарал и најавил нов ангажман без претходна дозвола од екипата каде ги помина сите категории. Потегот на Андоноски во најмала рака е непрофесионален и неразбрлив и клубот најави соодтвени санкции.
- На крајот од вчерашниот тренинг Даниел ни кажа дека нема да доаѓа повеќе на тренинзи и ќе го засили Вардар Јуниор. Тој не се појави на тренингот денеска и ние останавме фрапирани поради неговиот потег. Даниел има договор уште три години со нашиот клуб и до сега никој од Вардар не` не контактирал дека го посакуваат него во составот. Тој на своја рака си направи трансфер и не се појави на тренинг и затоа ќе сноси санкција според правилникот од клубот. – изјави спортскиот директор за Ohrid News, Горан Недески.
Андоновски кој беше дел од „сребрената“ младинска екипа учествуваше на сите предсезонски натпревари и заедно со тимот беше на турнирот во Тузла каде охридскиот состав го освои второто место.
Не би требало овој непрофионален потег да ја разниша добрата атмосфера и да ги сруши маестралните подготовки низ кои поминуваат „гладијаторите“. До почетокот на сезоната има уште неполни две седмици а охриѓани во првата рунда играат проти скопски Пролет.
OhridNews