Ракометарите на Охрид во „Билјанини Извори“ во еден од најинтересните мечеви сезонава во Супер лигата ќе ги одмерат силите со тимот на Работнички.
Моменталниот пласман на табелата ветува безпоштедна битка на теренот, а победата на Работнички од првиот меч сигурно ќе биде мотив повеќе за „гладијаторите“.
Двете екипи негуваат тврд ракомет со гранитна одбрана, но и нападот ќе има своја улога, а победува оној кој ќе постигне погодок повеќе на семафорот.
Натпреварот почнува во 19:30 часот, а цената билетот изнесува симболични 30 денари.
Мх.П.