За помалку од две недели започнува новата сезона во Првата машка ракометна лига каде ќе играат вкупно 16 екипи коишто според системот за натпреварување ќе бидат поделени во две лиги, Исток и Запад.Иако лигите бројат по осум клуба, сепак, нема да се игра двокружно туку ќе биде направен само еден круг,секој против секого во лигите ќе одигра по два натпревари.

     Откако ќе бидат одиграни 14 кола, коишто ќе бидат комплетирани напролет, ќе се направи нова лига, во која ќе има место за вкупно шест екипи. Најдобрите три состави од двете лиги ќе се најдат во новата група во која ќе вкрстуваат само со противниците од другата лига. Сите екипи коишто ќе ги продолжат средбите ќе ги пренесат бодовите од меѓусебните дуели со составите со коишто играле во својата група од регуларниот дел.

Оној тим којшто ќе биде најдобар во новоформираната плеј-оф лига, тој ќе биде новиот суперлигаш во следната сезона.

Според планот за натпреварување, есенва ќе се одиграат девет кола. Првото коло е на 29 и 30 септември, додека последното од есенскиот дел (9. коло) се игра на 24 и 25 ноември). Напролет е планирано да бидат одиграни уште пет средби кога ќе бидат познати тимовите кои продолжуваат во новоформираната група каде ќе ги очекуваат уште по шест средби.

Екипата на Климент Охридски која во минатата сезона го напушти елитното друштво и се пресели во понизок ранг ,на отварањето на сезоната во дербито на првото коло ке игра против Струшки Илинден.
 
ПРВА МАШКА ЛИГА – ЗАПАД

1. КОЛО (29/30.09.2007)
Климент Ох. – Струга И.
Металург Јуниор – Прилеп Р/З
Младост – Риниа
МРК Вардар – Партизан

ПРВА МАШКА ЛИГА – ИСТОК

1. КОЛО (29/30.09.2007)
Куманово – Повардарие
Овче Поле МИ – Зомимак М
Велес – Тиквеш
Борец – Текстилец

М.Постоловски