Пред почетокот на натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Исланд, поради завршување на судиската кариера, нашиот долгогодишен интернационален и светски признат како еден од најдобрите ракометни судии, Марјан Начевски, ке добие пригодна плакета за неговата успешна и долгогодишна меѓународна судијска кариера.
На истата средба, опростување од долгогодишното судење на национално Европско и Светско ниво, ќе има и нашиот спортски работник и ракометен судија Душко Камишевски.
Првиот бараж меч се игра во Недела во 20.45 часот во салата “Борис Трајкоски“.