Ракија и вино со ликот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер од неодамна се продавале во Австрија, поради што обвинителството подигнало истрага против произведувачот. Производителот од покраината Форарлберг ги нудел своите производи со образложение дека на потрошувачите им нуди „носталгични шишиња со поранешни историски големини“.
Овој маркетиншки потег били критизиран од австриската партија на зелените. Нивниот пратеник Карл Елингер изјавил дека маркетингот со ознаки од Третиот рајх претставувал кршење на законот кој забранувал величење на националсоцијализмот. Државното обвинителство има намера да спроведе детална истрага дали производителот на вино и ракија го прекршил законот.