Барселона потешко од очекувањата се справи со Атлетик Билбао на Ноу Камп и ги освои трите бодови. Каталонците отпорот на гостите го скршија во 71-та минута преку Иван Ракетиќ кој неколку минути претходно влезе во игра. Барселона со триумфот се одлепи три бодови од Реал Мадрид кој ако победи во 31-та рунда ќе се врати на првото место од табелата во Ла лига.
Во останатите средби кои се одиграа Атлетико Мадрид со 1-0 славеше против Леванте додека Ваљадолид и Гетафе ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1.
OhridNews