За претставата „Соларис“ на Македонскиот народен театар, на сцената од Античкиот театар поставена е веројатно најголемата и најимпозантна сцена на „Охридско лето“ досега. На три нивоа, со светлечки ефекти, плазма телевизори и проекции на широки платна.

На „лансирна“ платформа стои „ракета“ висока околу 15 метри, но не е полна со ракетно гориво, туку со неутрален гас хелиум. Изработена е во Белград специјално за оваа претстава и чинела со сите трошоци околу десет илјади евра. На крајот од претставата предвидено е ракетата да „полета“, со што максимално би се доловил моментот.

Режијата, сценографијата и изборот на музиката е на Златко
Славенски, според кого “Соларис“ е нешто што произлегува од сонцето.
„Основната идеја беше да  го поставиме клучното прашање: 

Ако луѓето се
направени од сонце, дали тогаш и светат како сонце? ” рече  режисерот
Славенски.

Организаторот очекува претставата „Соларис“ која е
трета премиера на Охридско лето оваа година да го исполни Античкиот
тератар во Охрид.

Инаку Соларис како поим се појавува во средината на 60-те години од минатиот век како наслов на историскиот и веројатно најдобар научно – фантастичен роман на сите времиња „Соларис“, чиј автор е Полјакот Станислав Лем.
С. Костоски