Ракавица со Swarovski кристали која Мајкл Џексон ја носел на својата “Victory” турнеја во 1984 година е продадена на аукција за
190 000 долари.


Аукцијата е организирана по повод годишнината на смртта на Џексон во ресторанот Планет Холивуд во Лас Вегас и на неа биле понудени повеќе од 200 предмети кои му припаѓале на кралот на поп музиката.

Некои од предметите, како што е споменатата ракавица, се продадени по десет пати поскапо од проценетата вредност. Вкупниот приход засега изнесува речиси милион долари, а се очекува дека до крајот на аукцијата ќе биде многу поголем.