И покрај тоа што генерално не им менуваше ништо на табелата, кавадарчани ја искористија можноста и победија во Охрид.

Во пресрет на дербито на шампионатот кавадарчани ќе влезат десеткувани, исклучувањето на Ѓуров и повредата на Самарџиев е данокот кој го платија во победата.

 – Скапо ја плативме победата, Самарџиев најверојатно заработи фрактура на вилицата, Кол има расекотина под окото, Михајловски поради повреда не ни играше, а Ѓуров е исклучен и нема да може да игра против Работнички – истакна Емил Рајковиќ.