Актуелниот шамшион и лидер во првенството Фени Индустри помина низ бурен период но и покрај финансиската криза, екипата полека се стабилизира и лесно не се откажува од одбрана на титулата во првенството и националниот Куп.

– Мислам дека натпреварот ќе биде интересен и очекувам фер борба. Полека влегуваме во натпреварувачки ритам, одигравме еден натпревар во Балканската лига и екипата напорно работи. И покрај сите проблеми што ги имавме можам да кажам дека шампионите никогаш не се откажуваат и одиме на победа во Охрид – порачува стратегот на Кавадарчани, Емил Рајковиќ.

ohridnews