Работнички е далеку од тоа што беше пред неколку години, кога беше незаменлив на првата позиција во Купот и во кошаркарскиот шампионат во Македонија.
Најтрофејниот кошаркарски колектив во земјава неколку години мака мачеше со финансиите, а „градскиот клуб“ полека излегува од таа бездна која го зафати.
– Клубот беше во тешка ситуација летово бидејќи висеше неговата иднина. Имавме големи турбуленции, цела управа ни се смени, а подготовките место во август ги започнавме во септември. Полека, полека се средивме донесов доста кошаркари кои биле во мојот минатото и направивме добра атмосфера и создадовме наша игра. Со ангажирањето на интернационалците имаме солидна екипа, со која можеме на сите да им парираме само не и на МЗТ – потенцираше Емил Рајковиќ.
Ако ја минат првата фаза кошаркарите на Работнички ќе немаат ниту ден одмор до полуфиналниот натпревар.
– Распоредот не ни е наклонет баш најдобро бидејќи ако играме во финалето тоа ќе биде без ден одмор. Но, ние сме Работнички и не смее да бараме алиби затоа кошаркарите треба да изгинат и да покажат како се брани „црвениот“ дрес – заврши тренерот на клубот со осум титули од Купот на Македонија.
Мх.П.