Разговорот со селекторот Емил Рајковиќ го започнавме со честитки за освоената двојна круна во домашното првенство со тимот на Фени Инд.
За вас речи си и да немаше одмор. Веднаш по завршувањето на шампионатот се зафативте со младата селекција.
– Немав одмор , но не жалам за тоа, слободно можам да ви кажам дека е благодет работата со овие момчиња. Секој еден ден поминат ден со нив ме прави среќен – вели Рајковиќ
Стручниот штаб го одбра Охрид како место на кое ќе се полнат батериите на овие млади момчиња?
– Дојдовеме во Охрид бидејќи знаеме дека ќе имаме идеални услови да се подготвиме за она што следува, ЕП за играчи до 20 години. Наидовме на одличен прием како кај одговорните во салата така и во Охрид. До 10 Јули ќе бидеме овде и ќе тренираме по два пати дневно во 9 наутро и во 18 навечер.
Македоснката селекција што туку се врати од еден трунир во Романија, каде го освои второто место.
– На самиот почеток бевме, не се познававме доволно но можам да кажам дека сум презадоволен од залагањето на играчите.Тие го дадоа максимумт кој резултираше со две победи против Бугаија и Ирска, додека загубивме од домаќинот Ромаија, во секој случај беше добро искуство за нашите играчи за кои ова беше прв собир.
Релативно непознати се противниците на македонската репрезентација во групата?
– Освен имињата, не го познаваме стилот на играта на нашите противници.Во наредните неколку дена ќе добиеме видео материјали преку кои подетално ќе може да ја скенираме играта на нашите протвиници во групата и соодветно да подготвиме тактика кој ќе ни донесе позитивни резултати.
Македонската репрезентација на ЕП – “Б“ Дивизија се наоѓа во А групата. Наши противници се Португалија, В. Британија, Норвешка и Финска.
Распоред на натпреварите во “А“ Групата:
1. коло (1 Август )
МАКЕДОНИЈА – Португалија, Финска – Велика Британија.
2. коло (2 Август)
Норвешка – Финска, Велика Британија – Португалија.
3. коло (3 август)
МАКЕДОНИЈА – Велика Британија, Португалија – Норвешка.
4. коло (4 август)
Норвешка – МАКЕДОНИЈА, Финска – Португалија.
5. коло (5 август)
МАКЕДОНИЈА – Финска, Велика Британија – Норвешка.
Натпреварите во овие групи се играат на 6 и 7 август, полуфиналните дуели е на 9, додека натпреварите за конечен пласман се закажани за 10 август.