Тренерот на Работнички, Емил Рајковиќ не го криеше незадоволството од елиминацијата во понатамошните натпревари од Купот на Македонија. Непреминлива пречка за „градските момци“ беше тимот на Куманово, кој по екстра пет минути победи и се пласираше во 1/2 финалето.


– Разочаран сум од поразот и елиминацијата од Купот на Македонија. Не пратеа малери во текот на мечот, а се започна со повредата на Дарко Соколов во првите минути. Во продолжението не одигравме агресивно во одбраната и јавно сакам да им се извинам на нашите навивачи кои дојдоа во голем број што не им возвративме со победа – рече тренерот на Работнички, Емил Рајковиќ.

Во последните мигови од натпреварот среќата беше на страна од Куманово, но декоцентрацијата во одбрана го чинеше Работнички елиминација.

– Среќата беше на нивна страна, но тоа не е наш изговор за неуспехот во Купот на Македонија. Грешките од првото полувреме ги поправивме во второто, но ете не успеавме да го финишираме мечот. И во продолженијата отворивме одлично поведовме, сепак играчите на Куманово изгинаа за победата која ги одведе во 1/2 финалето – потенцираше Брчков.

Мх.П.