Холандскиот фудбалски тренер, Франк Рајкард и раководството на фудбалскиот клуб Галатасарај го раскинаа договорот, соопштија од турскиот клуб.

Серијата слаби резултати во домашниот шампионат каде Галатасарај по осум кола има четири победи и порази, се главната причина за прекинот на соработката помеѓу двете страни.

Откако ја раскина соработката со Галатасарај, поранешниот тренер на Барселона сега со поврзува со тренерската позиција во екипите на Ливерпул и Ајакс.

OhridNews