Додека Скарлет Јохансон на големо и јавно се забавува со Шон Пен, нејзиниот поранешен сопруг Рајан Рејнолдс тврди дека сеуште не го преболел разводот. Тој за медиумите изјавил дека разводот е многу болен процес од кој сеуште не излегол и додал дека никогаш повеќе нема да се ожени.
Во изјавата за медиумите рекол дека сите оние кои го искусиле разводот знаат колку болен процес е тоа, но на крајот сепак го преболуваш. Раскажал дека се сомнева оти некогаш повторно ќе заплива во брачните води, но додал дека никогаш не се знае што носи животот. На крајот изјавил дека моментално не е во врска, но и дека не планира вечно да биде сам. Разводот доста го променил и сега бил позрела и посилна личност.