Рајан Рејнолдс, кој пред неколку месеци поднел барање за развод од Скарлет Јохансон по две години брак, наводно повторно е во врска, а овој пат станува збор за германската манекенка Агнес Фишер. Со неа бил фотографиран како се прегрнува за време на снимањето на филмот ‘Safe House’ во Јужноафриканската Република.


Рајан во филмот глуми заедно со Дезнел Вашингтон, додека неговата наводна девојка во филмот има само мала улога. Портпаролот на актерот не сакал ниту  да ја потврди ниту пак да ја демантира оваа информација.