Рајан Рејнолдс ја прекинал романсата со колешката Шарлиз Терон, бидејќи таа сакала деца, а нему на прво место му била забавата. Атрактивниот Рајан Рејнолдс одлучил по само два месеци да ја прекине врската поради различните планови за иднината. По се изгледа не му било за брзање кога станува збор за основањето семејство.
Таа брзала да се скраси, да роди деца и да основа семејство, бидејќи веќе годините и минувале, а тој сакал нешто без поголеми обврски. На актерката која има 36 години раскинувањето и паднало тешко, а дополнителна причина за нивното прекинување бил и пренатрупаниот распоред на обајцата.