Американските актери Рајан Рејнолдс и Скарлет Јохансон наводно биле фотографирани на заедничка вечера, иако минатата година објавиле дека се разведуваат. Рајан и Скарлет уживале во романтична вечера во еден ресторан во Лос Анџелес. Оттогаш телефонски се слушаат без прекин, па светските медиуми предвидуваат помирување.
Извор близок на парот изјавил дека Скарлет стално го повикувала и му испраќала пораки. Актерите минатата година објавиле дека се разведуваат по две години брак. Потоа секој тргнал по својот пат. Скарлет набрзо влегла во врска со Шон Пен, а Рајан со Шарлиз Терон, меѓутоа времето покажало дека чувствата меѓу нив не избледеле и дека сеуште се сакаат.