Актерскиот пар Рајан Рејлнодс и Блејк Лајвли после само шест месеци врска сакаат да живеат заедно. Неименуван извор соопштил дека познатиот пар барал куќа во околината на Конектикат. Биле видени во гратчето Њу Канан, кое е оддалечено од Њујорк еден час возење.


Случајниот посматрач изјавил дека разгледувале продавници за уредување куќи. Најмногу се задржале во продавница за мебел со кинески мотиви. Блејк до септември се забавувала со Леонардо ди Каприо, додека Рајан бил во брак со убавицата Скарлет Јохансон.