Славниот актерски пар Рајан Гослинг и Ева Мендез се во многу лоши односи. Иако пред само две години ја добија ќеркичката Есмералда, по се изгледа односот помеѓу Ева и Рајан не се движи во посакуваните насоки.
Судејќи според пишувањата на списанието “OK!”, холивуската актерка го напушти Гослинг и со нивната ќерка се врати кај родителите, а веќе се спрема да бара старателство над девојчето. Портпаролите на актерите сеуште не излегоа во јавност со информации околу овие наводи на таблоидите.