Пропустот на Кими Раиконен и Ферари скапо ја плати еден механичар во италијанскиот тим кој се здоби со тешка скршеница на левата нога. Раиконен тргна порано, а настрада механичарот кој се уште беше на линијата од движењето на болидот.

– Кога се запали зелено светло тргнав, после неколку секунди слушнав реакција од сите во боксот и разбрав за што се работи. Воопшто не го забележав механичарот, откако бојата на семафорот се промени. Мене многу ми е жал и му посакувам што побрзо опоравување и враќање во нашата екипа. – изjaви Раиконен.

Финецот во моментот во кој застана ја заврши и трката, а неговиот клупски колега Себастијан Фетел се искачи на подиумот во Бахреин. Ферари кој доби парична казна од ФИА најави детална истрага за инцидентот кој остави црна дамка во победата на Фетел.

OhridNews

Ф1: Втора трка, втора победа на Фетел

Ф1: Страшен инцидент во „боксот“ на Ферари (видео)