Поранешниот светски првак во формула 1, Финецот Кими Раиконен (41), синоќа преку социјалните мрежи потврди дека на крајот од актуелната сезона ќе ја заврши својата 20-годишна кариера. Раиконен дебитираше во формула 1 во 2001 година, а својот најголем успех го постигна шест години подоцна кога во болидот на Ферари ја освои титулата светски првак.
Финецот ќе ја заврши кариерата во тимот на Алфа Ромео, а во досегашните 344 трки од светското првенство во формула 1 забележа 21 победа и 18 пати ја освојуваше пол-позицијата.
Тоа е тоа. Ова ќе биде мојата последна сезона во формула 1. Ова е одлука, која ја донесов во текот на минатата зима. Одлуката не беше лесна, но по завршувањето на оваа сезона е време за нови работи, објави Раиконен на Инстаграм.
OhridNews