Нема нов предлог на маса за решавање на спорот за името, на  денешната рунда македонско-грчки разговори што со посредство на специјалниот претствник на ОН, Метју Нимиц се одржа во владината вила, кај Горица.

Раговорите за решавањае на спорот со името во Охрид се едни од најдобрите до сега, оцени  Нимиц. Тој рече дека  е направен евидентен  напредок во разговорите но освен повеќе конструктивмни идеи не бил изнесен конкретен предлог за решавање на спорот.


нема нов предлог на маса

Грција и по денешните раговори останува на ставот  дека спорот со името не е билатерално прашање туку комплексно прашање кое е  поврзано и со безбедноста на регионот. Според амбасадорот Василакис, Грција веќе направила  џиновски чекор со предлогот Македонија да добие сложено име. Според него нема никакви закани од страна на Грција кон Македонија поврзани со влезот во  НАТО, за што како што рече  Македонија треба да исполни  одредени услови.

Наспроти ова македонскиот преговарач Никола Димитров смета дека предлогот на Грција  за комплексно име не е крупна отстапка, бидејќи тој воопшто не се разликува од привремената референца под која Макдонија е примена во ОН, што според него е сложено име. Македонија како што истакна Димитров останува на ставот дека проблемот со името е билатерално прашање и дека земјава направила големи отстатпки да се најде прифатливо решение.

Формално домаќин на средбата која за прв пат се одржа надвор од Њујорк, беше македонскиот министер за надворешни работи, кој на маса ја ставил предлог Декларацијата која предвидува серија мерки за подобрување на меѓусебните односи, што како што истакна грчкиот преговарач Василакис, се помалку важни во однос на клучното прашање а тоа е решавање на спорот со името.


разговорите ги следеа 40-на новинари

Раговорите во Охрид се одвиваа во магловито време што е реткост во Охрид, и симболично отсликува дека решението за спорот сеуште е обвиено со неизвесност.

Следната рунда разговори за името ќе се одржи во Грција.

Г. Момироски