Дејвид Витхоф, 12-годишник од САД, прв пат после 1581 дена својот „рагби“ дрес го заменил со обична црвена маица. Момчето за Божиќ 2003 година на подарок добило дрес со број и име на својот најомилен рагби играч-Брет Фавре и од тогаш не го соблекол од себеси.


И така се до својот 12 роденден кога сфатил дека веќе му е мал и дека му е до папокот. Одлучил да го соблече и бидејќи неговиот омилен играч наскоро оди во пензија. Мајка му Керолин омиленото парче облека на синот му го перела секој втор ден.