На денешен ден се празнува свети Јован – летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето на Свети Јован Крстител.
Во времето кога според предвидувањето на старите пророци требало да се роди спасителот, Евреите биле под ропство на Римјаните. Во тоа време живеел еден чесен и побожен човек Захарија со својата жена Елисавета, веќе остареле, а немале деца, што во тоа време се сметало за божја казна и голема несреќа. И двајцата постојано го молеле Бога да им даде рожба и Бог ја слушнал нивната молитва. Еднаш кога Захарија во црквата се молел на Бога го слушнал гласот на ангелот Гаврил кој му рекол дека ќе добие син што ќе се вика Јован. Кога се родил синот според обичајот требало да го носи името на таткото, но кога Захарие го запрашале за името, тој рекол да се вика Јован и раскажал дека детето ќе биде пророк, што ќе оди пред спасителот и ќе му го подготвува патот.
Во младоста Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години по божја воља ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Во тоа време Исус се подготвувал за учите. Но според тогашните закони учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус кога наполнил 30 години дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован кој дотогаш не го има видено, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот Јован го одвраќа велејќи му: „Јас треба од тебе да бидат крстен, а ти при мене ли доаѓаш?“ Но кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата.
Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи, и жестоко ги критикувал неморалот, лагите, развратот кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв. Поради тоа бил омразен меѓу римјаните и бил убиен кога Саломија, ќерката на Ирод ја побарала главата на Јован на послужавник.
Со Иванден се поврзани многу обичаи, верувања, но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иваново цвеќе, кое што го ставаат во ковчезите со алиштата за да ги чува од молци. Ефтим Спространов запишал дека во Охрид на Иванден ги ваделе „рутишчата“ и ги распостилале на прозорците за да ги види сонцето и ги оставале да се ветреат.
Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобна Матрона Цариградска Житие за Преподобна Матрона Цариградска Од Пергија Памфилиска Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големе...
Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот), Господ го создал духовниот свет-ангелите Тие се Господови гласници (ангел значи весник), ги пренесуваат божјите заповеди ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 ноември и се слави споменот на Св маченик Јерон со дружината или св 33 Мелитински маченици Роден е во градот Тијана кападокиска од добра...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.