Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе има епизодна улога во мексиканската верзија на популарната серија „Озборувачка“, објавиле продуцентите.
Тие откриле дека разговарале со луѓето на Рафа, и заинтересирани биле за соработка. Тој ќе престојува во Мексико за време на одржувањето на турнирот во Акапулко од 25 февруари до 2 март, и кога обврските ќе му дозволат, ќе ги сними своите сцени.