Шпанскиот тенисер Рафа Надал продолжи да ниже трофеи на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос, откако денеска во финалето со 3-1 во сетови го совлада Австриецот Доминик Тим.
Надал до 18-та титула од грен слем турнир инаку 12-та на Ролан Гарос стигна со доминатната победа против Тим кој не можеше да собери сили после исцрпувачкиот маратонски дуел со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.
Шпанецот максимално искористи заморот и со 6-3 го доби првиот сет за почетно водство. Дека има квалитет и оти не случајно е во финалето Тим покажа во вториот сет кој го освои со резултат 7-5 за егал. Сиот свој квалитет Надал го демонстираше во третиот и четвртиот сет кои ги доби со идентични 6-1 за нова титула.
Тим нема по добро да го памети првото финале на грен слем турнирите, додека Надал со триумфот во финалето го потврди епитетот „крал на земјата“.
OhridNews