Шпанскиот тенисер Рафа Надал ги шокираше љубителите на тенисот, објавувајќи дека се повлекува од грен слем турнирот Вимболдон и Летните олимписки игри, кои ќе се одржат во Токио.

Не беше лесна одлуката, но морав да го послушам телото. Разговарав со својот тим и донесовме одлука да се повлечеам. Целта е да продолжам да го правам она што ме прави среќен, затоа морам да одморам. – напиша Надал на социјалните мрежи.

Тој додаде дека кратката пауза од само две недели помеѓу Ролан Гарос и Вимбилдон е причината за повлекувањето.

Јас како играч и мојот тим неможевме да се опоравиме од играњето на Ролан Гарос. Мораме да се заштитиме и затоа одлуката ја сметаме правилна. – истакна Надал.

Шпанецот на Вимболдон триумфираше во два наврати 2008 и 2010 година, а злато на Олимписките игри освои во 2008 година.

OhridNews