Стратегот на Ливерпул, шпанскиот менаџер Рафа Бенитез, е на тенок мраз и се поголеми се шансите тој да биде отпуштен, соопштија блиски луѓе на Рафа.

Шпекулациите дотолку повеќе се подгреани и поради фактот што сопствениците на Ливерпул, американците Џорџ Џилет и Том Хикс, одбија да му го продолжат договорот на Бенитез за уште две години, на што инстистирал Рафа на неодамнешните разговори.Во прилог на ваквите информации оди и фактот што на Бенитез не му бил одобрен ниту дополнителен буџет за засилување на одбраната оваа зима.

Шпанецот летото потроши 65 милиони фунти на засилувања и најави атак на титулата, но во моментов Ливерпул е цели 12 бода зад водечкиот Арсенал. Уште една неуспешна сезона или евентуална елиминација од Интер во Лигата на шампионите ќе значи сигурен крај за Бенитез на клупата на Ливерпул, прогнозираат англиските медиуми.

ohridnews