Изминативе денови во англиската јавност под голем притисок се менаџерите на Арсенал и Челси, Микел Артета односно Френк Лампард. „Топчиите“ имаат крајно лоша сезона и се наоѓаат во долната половина од табелата додека „сините“ добро отворија, но петте мечеви без победа ги „спушти“ на шестата позиција со шест бодови помалку од лидерот Ливерпул.
Како наследник за Артета се споменува шпанскиот тренер Рафе Бенитез, а за замена на Лампард се поврзува Германецот Томаш Тухел.
Бенитез е ангажиран во кинескиот клуб Далиан Професионал, но официјална понуда од Лондон може веднаш да го спакува Шпанецот и врати во Англија. 60-годишниот Бенитез има големо искуство во Премиер лигата, водејќи ги Ливерпул, Челси и Њукасл.
Тухел, пак, остана без ангажман после отказот од Пари Сент Жермен. Германецот веднаш би можел да најде работа, ако Челси го отпушти Лампард. Легендата на клубот ужива голема доверба, но последниве резултатите не одат во негова корист. Тухел е слободен агент и сигурно, клупата на Челси би била интересна опција за Германецот.
OhridNews