Шпанскиот стручњак Рафа Бенитез е нов тренер на Евертон. „Карамелите“ од Ливерпул го решија прашањето околу тренерот и комплетно можат да се насочат кон формирање на екипата.
Сепак, трансферот не е толку бомбастичен колку што е предавството кое го направи Бенитез. Тој во минатото беше менаџер на „црвените“, а сега ќе се седна на клупата од Евертон, потег кој тешко да ќе добие амин од навивачите од „Енфилд“.
Бенитез потпиша до 2024 година, после две недели преговори со управата на Евертон.
OhridNews