Со голот на Валентина Радуловиќ на истекот од 60-та минута Македонија избори реми во дуелот со Хрватска 29:29, за достоен крај на наттпреварите од М1 осминафиналната група.

Хрватска имаше предност на полувреме, како и во текот на целиот втор дел, но со извонредна серија во финишот четирите гола предност на коцкестите се стопи и со воиграна акција на 6 секунди до крајот стигнавме до нерешено.

И покрај задоволството што е избегнат поразот, Хрватска е претпоследна а ние последни во групата и ќе играме за 11-то место на Светското првенство. Противник ќе ни биде селекцијата на Полска, а натпреварот се игра на 14 декември во петок во 18:15ч.

Г.Момироски