Не помина ни половина година, а од кормилот на најтрофејниот македонски женски ракометен клуб Кометал ЃП и на репрезентацијата на Македонија, заминува Љупчо Савевски, кој  доби отказ.
По недоразбирањата кои селекторот ги имаше со капитенот на репрезентацијата на Македонија, Валентина Радуловиќ, тој ја отстрана од националниот тим, потоа, таа, со Платон одржа прес-конференција, на која искажаа многу “црни” работи на сметка на Савевски.

Откако не успеаа да ги седнат на заедничка маса и да ги испеглаат разликите, медијаторите претседателот на клубот Иван Бојков и спонзорот Трифун Костовски, одлучија да му се заблагодарат на услугите на македонскиот селектор.

ohridnews