Универзалниот ракометар Бојан Белевски кариерата ќе ја продолжи во екипата на Радовиш потпишувајќи едногодишен договор.
Белевски и охридскиот суперлигаш не ја продолжија соработката и по две години го напушти клубот.
– Презадоволен сум од условите и понудениот договор. Вртам нов лист во мојата кариера и се надевам на успех во составот на Радовиш. – рече Белевски.
Белевски е вториот ракометар по Борче Соколов кој се разделува од охридскиот тим за кој следната сезона ќе биде трета во елитата.
Мх.П.