Радост, погодоци, дружење и спортски дух се на едно место успеа да собере фондацијата „Климент Колески“ која повеќе од успешно го организираше првиот турнир во мал фудбал за деца „Климент Колески 2013“.
На задоволство на публиката еден од двата златни медали остана во Охрид. Фудбалската Академија Пандев од Охрид триуфмираше во категоријата 2002 и помлади, а во 2004 и помлади на тронот се искачи Работнички.
Од фондацијата „Климент Колески“ најавуваат дека турнирот во мал фудбал ќе прерасне во меѓународен и традиционален.
Фото : „Емилио“
Мх.П.