На прсти се бројат позитивните вести од Апенините. Спортот е комплетно блокиран во Италија, а земјата води жестока битка со коронавирусот. Една информација која како бомба одекна во Италија е победата на Џајнлука Вијали на тешката болест. Борбата со ракот на панкреас траела 17 месеци.
За поранешниот играч/тренер на Челси, а член на Кремонезе, Сампдорија и Јувентус ова е втора триумф против ракот на панкреас. Прв пат победи кога му беше дијагностициран пред неколку години.
55-годишниот Вијали фудбалски е активен и работи како стручен соработник на италијанскиот селектор Роберто Манчини.
Вијали за борбата со ракоот има напишано во својата книга, која се надева дека ќе биде инспирација за сите кои се борат со тешки болести.
OhridNews
Џајнлука Вијали година дена води жестока битка со ракот