Научниците од Универзитетот Левен спровеле студија во која ги следеле испитаниците во секојдневниот живот, ги анализирале нивните емоции, како и интензитетот на нивното просечно траење. Преболувањето на раскинувањето на љубовната врска, смртта на блиските и генералното чувство на тага е емоција која кај луѓето е најинтензивна, а една од причините е што трае околу 240 пати подолго одколку другите емоции, како срамот, изненадувањето, нервозата или досадата, покажала студијата на белгискиот универзитет Левен.

Од дури 27 различни чувства, тагата трае најдолго, околу 120 часа, а следи омразата која кај луѓето во просек држи околу 60 часа. Радоста трае околу 35 часа, заклучиле научниците. Очајот, надежта, разочарувањето и задоволството не држат 24 часа, љубомората 15 часа, олеснувањето 8, ентузијазмот 6, восхитувањето и благодарноста 5, опуштањето 4, вината 3,5 часа, а стресот 3 часа, пресметале научниците.