Во драматичен финиш екипата на Раднички од Крагуевац го освои трофејот на првото издание на меѓународниот кошаркарски турнир. Во финалето српскиот преставник го совлада Македонскиот првак МЗТ Скопје по дополнителните пет минути со 90-88 (24-22, 18-20, 13-18, 23-18, 11-12).

Избраниците на српскиот стратег Влада Вукоичиќ одлично го отворија мечот што резултираше со предност од два поени по првите десет минути. Но, место да додадат гас тие подзастанаа и на кошаркарите на Раднички им овозможија да дојдат до егал на полувремето.

„Гостите“ во третиот квартал ја пресликаа играта од вториот и почнаа да го контролираат резултатот. „Штрковите“ одново влегоа во серија грешки кои ги чинеше негатива од пет поени пред решавачката четвртина.

Носен  од охридската публика Македонскиот првак заигра на потребното ниво. Шутот проработе, гранитната одбрана не дозволи лесни поени, а кога беше најпотребно Американецот, Кејп Дејвис ги реализираше двете слободни фралања и донесе дополнителни пет минути. Во нив тимот на Раднички направија серија од 6-0, но „домаќините“ не се предаваа и со иста мера возвратија за атмосферата во салата „Билјанини Извори“ до дојде до точка на вриење.

Последната минута двете екипи ја започнаа со исти бројки на семафарот, Раднички ја погоди целта, а „меч винерот“ му припадна на МЗТ Скопје. Ударот за победа го имаше Тодор Гечевски, но неговата мирна рака погреши и го промовираше Раднички Крагујевац за победник на кошаркарскиот турнир „Охрид Трофеј 2013“.

 

Мх.П.