Екипата на Раднички од Крагујевац е првиот финалист на меѓународниот кошаркарски турнир „Трофеј Охрид 2013“. Во полуфиналето „белите“ го совладаа Бугарскиот првак, Лук Оил со 77-75 (21-20, 20-19, 22-19, 14-17).

Кошаркарите на Лук Оил имаа напад за победа кои не го искостирија и го промовираа српскиот преставник во финалист на меѓународниот кошаркарски турнир „Трофеј Охрид 2013“.

Најпрецизен во победничкиот состав беше Американецот, Мутафу Јаров со 18 поени. Еден помалку од него постигна Сава Лешиќ, а уште тројца кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени Марко Маринковиќ (11п.), Диџеј Сели (10п.) и Душан Млаџан (10п.). Во поразената екипа со 18 реализирани кошеви најефикасен беше Тукер Аландо.

Противникот во финалето од меѓународниот кошаркарски турнир „Трофеј Охрид 2013“, Раднички ќе го дознае по вториот полуфинален натпревар меѓу македонскиот првак МЗТ Скопје и Металец од Србија.

Мх.П.