Фудбалерите на Раднички Крагујевац револтот за неисплатените плати и лошата финансиска ситуација во клубот ја искажаа на мечот со Партизан откако седнаа на теренот по првиот свиреж на судијата.
На исти ваков начин пред четири години охридските фудбалери на натпреварот со Тетекс во Првата лига го искажаа револтот кон тогашната управа на Ф.К. Охрид 2004.
Тогашниот потег на „рибарите“ беше топ тема во националните како и медиумите од Балканот, а бодовите ги освои домашниот состав победувајќи со 1-0 на „Билјанини Извори“.
Охрид 2004 во фокусот на српските медиуми.
Фото: Фудбалерите и кажаа на Управата што мислат за неа.
Ohridnews