Поларната светлина поради брзината на ударот на сончевите честички може да се види во неколку сојузни држави во САД, како и од повеќе други земји на северната хемисфера.
НАСА најави дека најголемиот бран соларни честички се очекува денеска.
Честичките се движат со брзина од околу 1.500 километри во секунда, и според научниците, можат да влијаат на работата на електричните уреди на Земјата и на сателите во вселената.
НАСА тврди дека нема опасност од поголема радијација.
МИА